Работилници

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

ПОЛИТИЧКИ ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ
МЛАДИТЕ ПОЛИТИЧАРИ ВО Р. МАКЕДОНИЈА

(РАБОТИЛНИЦИ)

                                                                                     20. 12.2011, Скопје

Институтот  за  економски стратегии и меѓународни односи Охрид како дел од програмата  “Политички дијалог помеѓу младите политичари“ одржа работилници во кои млади политичари од  14 партии во  мешани групи работеа на креирање заеднички иницијативи  кои би помогнале за зголемување на дијалогот, подобрување на одредени сегменти во општеството во однос на просперитетот на младите луѓе.
Овие работилници кои ги организираше Институтот Охрид,  се  дел од програмата на Институтот Охрид во однос на развојот на политичкиот дијалог помеѓу идните лидери во Р.Македонија. Институтот Охрид веќе две години активно работи на развојот на овој сегмет од општеството и ќе продолжи и понатаму во насока која би била од големо значење за Македонија и нејзиниот евро-атлантски просперитет.
Иако од различни политички, етнички и идеолошки позадини, сепак младите луѓе најдоа заеднички јазик при воочувањето на проблемите со кои се соочува младиот човек во Република Македонија.  Идентификувањето на заедички проблеми и креирањето на заеднички решенија е навистина значително и го докажува успехот на оваа работилница.
На младите политичари им беше оставен простор самите да ја изберат целната група, спроведените активности , идејата и развојот на истата. Во текот на подготвувањето на проектот  младите политичари  имаа помош од координаторите кои одговараа на нивните прашања и им помагаа во процесот на развивање на идејата.  Институтот Охрид, ангажираше координатори, експерти задолжени за работилниците и целиот процес на изработка на истите.
На крајот од денот, секоја група накусо ја претстави својата идеја и план за остварување на предлог проектот кој го составиле. Повратната реакција од младите политичари беше дека задоволство им е да учествуваат во вакви проекти, дека потребни се вакви настани за да се подигне свеста кај младиот човек и дека при вакви настани може многу да се научи и ова е уште едно позитивно искуство за нив како млади луѓе.Преку работилниците младите лидери имаа можност да развијат и нови вештини, анализа на проблемите и нивно решавање.
На работилниците учествуваа преставници од младинските организации на: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, СПМ, ДУИ, ДПА, Демократска Десница, ДС, ДОМ, ДЛБМ, ДПТМ, ДПСМ, ВМРО-НП, НСДП и ОПЕ.
Институтот Охрид им се заблагодарува на сите за учеството во работилниците. Сите вклучени партии подеднакво допринесоа за развојот на проектите.
По разгледувањето на предлог-проектите кои беа развиени на овие работилници Институтот Охрид истите ќе ги претстави пред јавноста и ќе ги постави на веб страната www.youthpoliticaldialogue.mk . Слики од работилниците тука...

*** Формулар предлог проект ***

*** Логичка Рамка ***

*** Предлог Буџет ***

 

Тренинг материјали

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

*** Малцинства ***

*** Стратешко планирање ***

*** Модели на финансирање на политички партии ***

  ;

 

 

 

 

 

После неколку месечна исцрпна припрема Институтот за економски стратегии и меѓународни односи го финализираше проектот Политички дијалог помеѓу младите политичари во Република Македонија. Подмладоците на 18 политички партии во Македонија одговорија на иницијативата и доследно и коректно истата ја проследија.

Трите големи форуми се одржаа во Скопје, на различни теми кои во главно се фокусираа на политичкиот дијалог, политичката култура, иницијативите и комуникацијата помеѓу младите политичари од различните политички партии.

На трите големи форуми присуствуваа преку 160 млади учесници, кои коректно дискутираа на заедничките теми. Младите покажаа извонредна конструктивност, покажаа потреба за ваков дијалог и желба за дискусии и конкретни иницијативи. По обработкатата на заклучоците истите ќе бидат објавени на официјалната страна на проектот www.youthpoliticaldialogue.mk  и на официјалната страна на Институтот Охрид. Сликите од настаните можете да ги погледнете тука....

Почитувани учесници. Би ценеле доколку издвоите неколку минути да го пополните овој ФОРМУЛАР. Ви благодариме однапред.

>>>ИЗВЕШТАЈ ОД СПРОВЕДЕНИТЕ ФОРУМИ<<<

* ДЕКЛАРАЦИЈА за фер политички натпревар

За проектот

 

 

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД, во 2007 год.- 2009 год. го изработи проектот Политички дијалог – сепартиски форум на тема „ Македонија на прагот на ЕУ и НАТО заедничка одговорност на сите политички партии“. Имено, Институтот ОХРИД воспостави соработка со сите лидери на политичките партии како и припадниците на истите и остварија голем број форуми како на локално така и на регионално ниво. Во 2009 година во соработка со мисијата на ОБСЕ, Институтот ОХРИД го имплементираше предизборниот проект „Политичка свесност и одговорност на партиите“. Проектот ги собра заедно политичките лидери да дискутираат за прашањата кои претставуваат своевидна  пречка за одржување демократска кампања и демократски избори. Целта на проектот беше подобрување на однесувањето на активистите за време на избори. Во склоп на проектот беа направени многу состаноци и форуми во општините кои беа посочени за конфликтни за време на последните избори. Имено, овој проект се покажа за повеќе од успешен за што сведочат мирно поминатите избори, без никакви посериозни конфликти и случувања.

Членовите на сите партии кои беа дел од овие два проекти на Институтот ОХРИД беа повеќе од заинтересирани и дадоа значителен придонес кон дебатите и иницираните дискусии. На иницијатива на младите членови од политичките партии кои присуствуваа на овие форуми Институтот ОХРИД започнува проект кој ќе се фокусира на младите стриктно од политичките партии и нивниот придонес кон политичката дебата.

Преку овој проект, Институтот ОХРИД ќе работи со младите од сите политички партии за подобрување на комуникацијата помеѓу младите активисти на локално ниво, за покренување на свеста за позицијата на другите партии и нивните членови со цел да се постигнат севкупните цели како на државата, така и на нејзините граѓани. За прв пат, проектот ќе ги собере младите од различни идеолошки и етнички позадини заедно да работат на нивните заеднички интереси и ќе им овозможи форум за дискусија на кој ќе се слушне нивниот глас. Во проектот ќе се вклучат домашни и странски експерти и претставници на меѓународните политички фондации и амбасади во Република Македонија.

Република Македонија е мултиетничко општество во кое за жал сеуште постојат општествени и политички поделби помеѓу младите луѓе во однос на етничката припадност, јазикот, религијата и идеологијата. Иако младите лидери поседуваат огромен интелектуален капацитет за да се вклучат во политички дебати на меѓупартиско ниво и со тоа да ја подобрат демократијата во земјата, нивното значење и потенцијал многу ретко се земени во предвид од страна на искусните партиски лидери. Веруваме дека младите политичари имаат што да кажат, можат да соработуваат меѓусебно и да направат основа за понатамошни заеднички проекти, меѓусебен дијалог за подобрување на политичката клима и демократија во Република Македонија.
Уверени сме дека и кај младите постои иницијатива и потреба за едни вакви дискусии и консултации кои ќе го подобрат целокупниот политички дијалог во Република Македонија. Темите кои ќе бидат обработувани ќе бидат во однос на заедничките интереси, идеи и иницијативи од младите лидери како и улогата и одговорноста на младите во политичките партии на патот кон ЕУ и НАТО интеграциите, дејствувањето на младите во политичката сфера, нивните идеи и ставови во однос на целокупниот развој на политичкиот систем и актуелните случувања, и воедно дали се силни локалните ограноци за давање свој придонес кон сите овие случувања. Имено, со овие дебати ќе се поттикнат младите лидери да ја подигнат политичката култура на едно ново ниво и да воспостават заеднички јазик во однос на прашања од национален интерес, со што и ќе покажат зрелост, лидерство и спремност да партиципираат во креирањето на државните политики.