Теми за Дискусија
1. Коалицирањето на Вашата партија со друга претставува знак на зрела демократија или постојат одредени проблеми?
2. Колку партиските платформи и одлуки создаваат или не создаваат основа за здрави дебати и дискусии помеѓу младите сили од различни партии?
3. Дали досега претставниците на младите сили на политичките партии оствариле заеднички иницијативи за заеднички интерес на државата? Ако да, наведете пример?
4. Како Вие како идни лидери може да придонесете за подобрување на целокупниот политички дијалог во државата и преку какви проекти и активности би можеле директно или индиректно да влијаете на ЕУ и НАТО интеграцијата на РМ?
5. Дали според Вас подмладоците на политичките партии би можеле да го подбрат политичкиот дијалог кој го водат постарите членови на политичките партии и партиските лидери?
6. Колку подобрувањето на политичкиот дијалог меѓу младите сили ќе допринесе за подобрена демократија и ќе биде добра основа за здрав политички дијалог во иднина, кога сегашните млади сили ќе станат искусни политичари.
7. Дали различните платформи на политичките партии допринесуваат за нарушување на дијалогот помеѓу младите од политичките партии?
8. Како Вие преку заедничка соработка и комуникација може да влијаете на младината во Република Македонија, со цел да се надминат политичките и други јазови помеѓу одредени групи на млади луѓе?
9. Дали е возможно според Вас во еден политички дијалог да се говори на заеднички јазик и тој дијалог да не заврши на крај со победници и губитници, туку сите страни да имаат задоволени интереси?
10. Која е главната одговорност на младите во политичката партија?
11. Дали како млади припадници на политчката партија давате свој придонес и активно учествувате во структуирањето на платформата на Вашата партија?
12. Што мислите дека најмногу ја засега младината и кои се главните проблеми со кои се соочува младината денес?
13. Дали Вие како млади луѓе сте наишле на одредена дискриминација или конфликт поради различните политички ставови со Вашите професори или претпоставени?
14. Дали Вие во Вашата политичка партија работите на креирање подобра иднина за младите, создавате иницијативи и работите за надградба на капацитетот на Вашите членови?
15. Идеолошки земено, каде припаѓа Вашата партија и кои се Вашите приoритети?
16. Според Вас на кое ниво е комуникацијата и контактот помеѓу припадниците на подмладоците на политичките партии во Македонија?
Дали постојат заеднички иницијативи и примери на успешна меѓусебна соработка?
17. Кои се вашите размислувања во однос на политичката култура помеѓу младите членови на политичките партии во Македонија?
18. Дали постои клуб на жени во Вашата партија? Дали постојат младински асоцијации на жени и заеднички иницијативи со други политички партии?
19.. Колкав е процентот на жени во Вашата партија? Колкав е процентот на млади активистки во Вашата партија?
20. Заедничка иднина, заеднички цели- која е одговорноста на младите членови на сите политички партии во Македонија ?
21. Дали денес се слуша гласот на младите пол. во партијата?Дали младите во партијата имаат влијание врз политиките и одлуките на партијата?
22. Како еден млад човек станува дел од политичка партија?

